КаСис оваа година слави 25 години, а голем дел од вработените се дел од тимот повеќе од 15 години. Лидија Вучидолова Богоевска, извршна директорка и член на Управниот одбор, тоа го гледа како резултат на култура што спојува предизвик, сигурност и припадност. Таа култура неодамна излезе и надвор од канцеларијата: Бендот на КаСис го освои првото место на BIZBendovi 2026.
Разговаравме со неа за вредностите што не се промениле од првиот ден, за лидерството без микроменаџирање, за тоа зошто грешките се лекции и зошто КаСис е добро место за младите што сакаат да градат кариера во финтекот.
КаСис полни 25 години. Кои се луѓето и вредностите што ве донесоа до овде, и што е тоа што во КаСис не се променило од првиот ден?
КаСис има своја историја, свој печат и свој дух. Да се опстане и да се биде лидер на пазарот 25 години во индустрија која се менува со брзина на светлината е огромен успех. Зад овој јубилеј стојат луѓе кои се исклучително посветени, стручни и подготвени да учат секој ден – од нашите сениори кои го носат институционалното знаење, до младите колеги кои носат нова енергија. Можам со сигурност да одговорам дека имаме создадено одговорен тим од професионалци кои со љубов, грижа, свесност, а пред се со професионализам ја градат довербата кон нашите клиенти и партнери. Одговорноста е нешто што не може да се купи или изгради преку ноќ и подразбира конзистентност – постојаното исполнување на ветеното.
Она што не се промени од првиот ден е довербата и интегритетот. Работиме со чувствителни податоци, каде безбедноста и сигурноста на нашите клиенти се императив. Технологијата се менуваше, од првите платежни картички до денешните напредни дигитални решенија, но нашата посветеност да бидеме стабилен и сигурен столб на финансискиот сектор остана константа.
Како изгледа лидерството во КаСис во пракса: Како ги поттикнувате колегите да предлагаат идеи, да грешат и да растат?
За мене, вистинското лидерство не значи микроменаџирање, туку способност да се влијае, мотивира и да се создава безбедна средина каде вработените можат да го покажат својот полн потенцијал. Во КаСис практикуваме политика на „отворена врата“ каде секоја идеја е добредојдена. Ги охрабруваме колегите да преземаат иницијатива притоа нудејќи им поддршка и конструктивен фидбек.
Картичната индустрија има галопирачки развој, пред сé во моделите на плаќања и користење на картичките и ако не ризикуваш и не пробуваш нови работи преку проекти, брзо ќе заостанеш. Грешки никако не можеме да си дозволиме поради природата на работата, но човечки е и да се згреши и затоа истите ги третираме како лекции со фокус на тоа што можеме да научиме од нив. Кога секој се чувствува ценет и поддржан, тимот станува покреативен, посигурен и поуспешен.
Годинава сте стратешки партнер на 9. Регионална конференција за е-трговија. Зошто е важно КаСис да е присутен таму каде се обликува иднината на индустријата, и што добиваат вашите луѓе од тоа?
Е-трговијата е еден од главните двигатели на финтек индустријата, а оваа регионална конференција е епицентарот каде се среќаваат технологијата, бизнисот и иновациите. За КаСис, како стратешки партнер и лидер во е-трговијата преку својот портал cPAY, природно е да биде на местото каде што се дефинираат идните трендови.
Информатичко-технолошката индустрија патем е камен-темелник за раст на дигиталното општество и дигиталната економија, а приватните компании и финансиските институции се клучни за нашиот просперитет.
Поврзани објави
Со нашето присуство таму, ние не само што ја поддржуваме заедницата, туку на нашиот тим му овозможуваме директен контакт со најдобрите регионални и светски практики.
Како процесинг центар КаСис е 25 години на овие простори и е бренд кој веќе работи во духот на глобален лидер на пазарите во регионот во обезбедување на иновативни решенија, техничко-технолошка поддршка и експертиза во областа на картичните технологии, и им помага нашите клиенти да растат и успешно да функционираат
Од безбедносни сертификации до сцената на Биз Бендови, со свој бенд. Колку е важно една компанија да покаже и друга страна од себе, и како тоа влијае врз тимот?
Горда сум на моите колеги и на освоеното прво место на Биз бендови 2026. Честопати луѓето ја замислуваат финтек индустријата како строга, и затворена зад безбедносни протоколи. Но, КаСис има неверојатно креативна и „жива“ душа. Учеството на Биз Бендови со наш сопствен бенд е совршен доказ за тоа.
Една компанија мора да покаже дека ја разбира важноста на балансот помеѓу работата и животот (work-life balance). Овие иницијативи имаат магично влијание врз тимот, тие нé зближуваат на едно сосема поинакво, човечко ниво. Кога ги гледате вашите колеги како свират на сцена со истата страст со која решаваат комплексни технички проблеми во канцеларија, се создава силна припадност, гордост и позитивна тимска култура која не може да се купи со ниту еден буџет.
Што би им порачале на младите професионалци што размислуваат за кариера во финтекот, и зошто токму КаСис е добро место да започнат?
Работното место треба да значи спокој пред сé,тоа е нашата политика. „Тајниот рецепт“ на КаСис не е една формула, туку комбинација од култура, вредности и секојдневни практики што ја прават компанијата различна од многу други во индустријата.
На младите би им порачала да бидат љубопитни, храбри и да не се плашат од динамиката на дигиталниот свет. Финтекот е индустријата на иднината, таа нуди спој на технологија и финансии што директно го менува секојдневието на милиони луѓе.
КаСис е идеално место за почеток и овозможуваме уникатна можност да се учи од врвни експерти, да се работи на реални, комплексни проекти и инфраструктура. Во КаСис младите добиваат менторство, слобода да креираат и шанса брзо да напредуваат во здрава, динамична и, како што видовте, многу забавна средина.“поголем број од вработените се повеќе од 15 години во КаСис затоа што компанијата им дава предизвик, сигурност и припадност во исто време – комбинација што ретко се постигнува.
Kомбинацијата и практиката на споделување знаење, баланс меѓу рутина и предизвик, и силна тимска поддршка овозможува средина каде вреди да се остане долгорочно.
Текст и фото: ПР