Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) ќе организира панел-дискусија на тема „Влијанието на минималната плата врз продуктивноста и стандардот на работниците – реалност или мит“.
На дискусијата ќе учествуваат работодавачи и претставници на надлежните институции, кои ќе имаат можност да ги разменат своите ставови за влијанието на минималната плата врз продуктивноста на работниците и нивниот животен стандард.
Во фокусот на настанот ќе биде прашањето дали зголемувањето на минималната плата придонесува за подобрување на условите за живот на работниците и какви ефекти има врз продуктивноста и деловното работење.