0
АЛТА банка АД Белград се стекна со дополнителни 260 обични акции во АЛТА банка АД Битола, со што својот вкупен удел го зголеми на 95,336 проценти од вкупниот број издадени обични акции.
Според известувањето објавено преку Македонската берза, српската банка сега поседува вкупно 372.742 обични акции во АЛТА банка Битола.
Промената кај акционер со значителен удел е објавена согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.
Со новото стекнување акции, АЛТА банка Белград дополнително ја зголемува сопственичката застапеност во банката од Битола, во која веќе има доминантен удел.