Почетна Убавина и здравјеЕдна мачка или две? Седум знаци што можат да ја олеснат одлуката

Една мачка или две? Седум знаци што можат да ја олеснат одлуката

од nenad
2 минути читај за

Мачките често важат за независни животни, но и тие можат да копнеат по друштво. Промените во спиењето, апетитот и однесувањето може да укажуваат на досада или стрес, но и на здравствен проблем.

Иако мачките не се секогаш дружељубиви како кучињата, некои од нив создаваат силни врски со други мачки и уживаат во нивното присуство. Недостигот од интеракција може да придонесе за досада, стрес и повлеченост. Сепак, знаците на осаменост лесно може да се помешаат со симптоми на болест. Затоа, ако забележите промена во вообичаените навики или однесувањето на вашата мачка, првиот чекор треба да биде ветеринарен преглед.

1. Спие повеќе од вообичаено

Мачките поминуваат голем дел од денот во спиење, но важно е да се забележи дали станале невообичаено безволни и помалку заинтересирани за околината. Ако мачката повеќе не реагира на работи што претходно ѝ го привлекувале вниманието, причината може да биде досада, но и здравствен проблем.

2. Ѝ се менува расположението

Наглото повлекување и губењето интерес за игра се можни знаци дека нешто не е во ред. Кај други мачки, стресот или недостигот од стимулација може да се манифестираат со немир и ненадејни изливи на енергија.

3. Има променет апетит

Некои мачки почнуваат да јадат повеќе од досада, додека други губат интерес за храната.

4. Ја менува хигиената


Поврзани објави

Запуштеното крзно може да укажува на намалено самонегување, а претераното лижење и кубењето влакна може да бидат поврзани со стрес. Сите овие промени заслужуваат внимание и ветеринарна процена.

5. Ја врши нуждата надвор од песокот

Стресот може да придонесе мачката да избегнува да ја користи својата тоалетна кутија. Сепак, прво проверете дали кутијата е чиста, дали песокот ѝ одговара и дали местото е соодветно.

6. Почнува да гребе и да уништува предмети

Ако одеднаш станува подеструктивна, можно е да ѝ недостигаат игра и стимулација.

7. Постојано бара внимание

Ако ве следи насекаде, упорно мјаука или бара повеќе контакт од вообичаено, можеби има потреба од поголема интеракција.

Сепак, вторa мачка не е автоматско решение. Пред да вдомите нов миленик, исклучете здравствени причини и проценете дали темпераментот и нивото на енергија на двете мачки си одговараат. Запознавањето треба да биде постепено, со одделни безбедни места, садови и тоалетни кутии. Трпението и позитивните искуства можат да помогнат во создавањето мирен соживот.

pexels