Познатата хрватска телевизиска и радио водителка Барбара Колар (56) доживеала сообраќајна несреќа во Загреб, кога учествувала во верижен судир на шест автомобили. Несреќата се случила во вторникот вечерта, 20 октомври, на Славонска авенија, еден од најфреквентните патишта во хрватската престолнина. Едно лице е повредено и однесено во болница, додека водителката поминала без повреди.
Кратко по несреќата, Барбара се огласила за хрватскиот портал „24сата“ и потврдила дека е добро. Иако ситуацијата била непријатна, таа успеала да го задржи ведриот дух и се пошегувала за материјалната штета предизвикана на автомобилите.
– Сè е во ред и сите се добро… Само лимарите ќе бидат среќни – реклс водителката, а потоа додалс:
Поврзани објави
– Станува збор за малку непотребен стрес во студена вечер.
Според информациите од загрепската полиција, пријавата за верижниот судир пристигнала околу 19:20 часот. Несреќата се случила на Славонска авенија, во сообраќајната лента што води кон источниот дел од градот.
Во судирот учествувале вкупно шест патнички возила, а едно лице е повредено поради што побарало медицинска помош. Повреденото лице е пренесено во болница, додека степенот на повредите не е прецизиран.
На местото на несреќата бил извршен полициски увид за за да се утврдат околностите под кои се случил судирот. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, како ниту вкупната материјална штета.