Почетна Убавина и здравје(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

од nenad
1 минути читај за



Српската пејачка и ријалити-ѕвезда Луна Ѓогани сподели убава вест со своите следбеници на Инстаграм. По нејзиниот апел за помош, маж кој подолго време живеел на улица со неколку кучиња конечно добил можност да се пресели во дом заедно со своите миленици.

Пред неколку дена Луна објавила дека во близина на нејзината зграда престојува човек кој нема покрив над главата, а заедно со него на улица живеат и неговите кучиња. Таа побарала помош за да им се обезбеди сместување.

Сега, со голема радост, откри дека приказната добила среќен исход.

„Се сеќавате на човекот со кучињата кој веќе подолго време живее надвор и се бори заедно со нив? Денес оди во својот дом со своите миленици! Постојат добри луѓе, колку само ми го разубави ова денот… Ти благодарам, Боже!“, напиша Луна на Инстаграм.

Ѓогани и претходно ја користела својата популарност за да помогне во згрижувањето напуштени животни. Пред неколку месеци, исто така, упатила апел да се пронајде дом за куче.

Овојпат, нејзиниот повик придонел човекот и неговите миленици да добијат можност за нов почеток, а пејачката не го криела задоволството од убавата вест.