Водителот Божо Добриша ги разоткри маневрите на пејачите кои не можат да наполнат локал.
Водителот Божо Добриша предизвика вистински потрес на естрадната сцена со своите остри изјави за состојбата на приморјето. Во разговор за медиумите, тој откри дека сезоната во Црна Гора е катастрофална и дека дури и најголемите ѕвезди морале драстично да ги намалат хонорарите.
Според неговите зборови, пејачката Анаѓела Игњатовиќ – Брестквица била една од оние кои „измислуваат температура“ за да не пеат во полупразни клубови.
Кога нема публика, има температура. А кога следната вечер пее на шеталиштето во Будва – магично оздравува,“ саркастично коментирал Добриша, нарекувајќи ја „јадница“.
Поврзани објави
Од друга страна, ја пофалил Сандра Африка, која, според него, е единствената што сè уште полни клубови и држи висока цена. Тој ја спореди со Цеца, велејќи дека Африка била симбол на отворените локали на шеталиштето, слично како што Цеца беше за „Топ Хил“.
Во целиот овој хаос, и Барбара Бобак се нашла на удар, откако изнајмила јахта од поранешното момче на Африка, само за интервју.
Зошто не изнајми автобус или камион ако сака внимание? Тоа е комплекс и непотребно во ваква сиромаштија“, заклучи Добриша.
printskrin Youtube-republika tv breskvica