Есента ни носи нов ритам, подлабоки бои и желба да си посветиме повеќе време себеси. Токму таква е и инспирацијата зад октомврискиот број на „Убавина и здравје“ – покана да ги преиспитаме сопствените граници, да ја разбудиме љубопитноста и да си дозволиме да откриеме нешто ново, и за светот околу нас и за самите себе.
Во новиот број ве очекуваат есенска убавина, модни инспирации, патувања, разговори за здравјето и теми што нè поттикнуваат да се погледнеме себеси и другите од поинаков агол.
Нина Ред ја краси насловната страница и зборува за менталното ресетирање – тема што особено добро се вклопува во потребата на октомври да му дадеме нов правец на сопствениот ритам (стр. 25).
Во фокусот е и анатомијата на конфликтот: зошто влегуваме во расправии, што навистина се крие зад нив и дали секое несогласување мора да се претвори во битка. Понекогаш, патот до подобро разбирање на другите започнува со подобро разбирање на самите себе (стр. 40).
Ќе ве инспирираме и со есенска шминка во богати нијанси и раскошни текстури, која ја слави индивидуалноста и ја враќа радоста на експериментирањето (стр. 48).
Парфемите, пак, ги откриваме како многу повеќе од завршен чекор во ритуалот на убавината – тие се личен потпис и начин да ја раскажеме сопствената приказна без ниту еден изговорен збор (стр. 58).
А модата ја истражуваме низ призмата на моќниот деловен стил, кој ја спојува елеганцијата со самодовербата (стр. 64).
Поврзани објави
Во духот на Розовиот октомври, со Ана Дорник разговараме за превенцијата, грижата за сопственото здравје и важноста на навременото реагирање (стр. 70).
Потоа ве водиме на едно поинакво патување низ Мароко, меѓу пустината и океанот, каде што боите, природата и контрастите создаваат бескрајна инспирација (стр. 79).
А за крај, влегуваме во кујната и ѝ даваме на тиквата една неочекувана, креативна улога (стр. 84).
И додека ги споделуваме со вас сите овие есенски приказни, нашиот фокус веќе е насочен кон Профемина – настанот на кој повторно ќе се сретнеме, ќе размениме идеи и ќе славиме знаење, инспирација и женска сила (стр. 21).
Октомври е месец за нови перспективи, мали лични откритија и позитивни промени. Ви посакуваме да пронајдете нешто свое на секоја страница од новиот број.
Октомврискиот број на „Убавина и здравје“ ве очекува во продажба!
Текст: Убавина и здравје