Почетна ЕкономијаВо Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летови

Во Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летови

од nenad
1 минути читај за

Во Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летовите. Италијанската управа за авиосообраќај (ЕНАВ) соопшти дека дефектот не е злонамерно предизвикан.

ЕНАВ посочи и дека вовела привремени ограничувања на капацитетите на авиосообраќај откако синоќа регистрирани се аномалии на мрежата за пренесување на податоци, која ги поддржува услугите на контролата на лет.

Компанија АДР, која управува со римските аеродроми соопшти дека „поради техничките проблеми во системот за контрола на летот на национално ниво можно е доцнење и откажување на летовите.

Компанијата СЕА, која управува со аеродромите во Милано, објави слично соопштение.

– Изворот на проблемот е идентификуван, а во тек се напори за повторно воспоставување на системот, се наведува во соопштението на ЕНАВ.

Извор: МИА