Кога готвењето е твоја професија, кујната не е само место каде што го поминуваш денот, туку простор во кој постојано создаваш, истражуваш и експериментираш. Нови намирници, различни комбинации, рецепти што се усовршуваат и желбата секое јадење да биде малку поинакво. За Катерина, која работи како главен готвач во хотел, токму љубопитноста кон храната е дел од секојдневието. Работниот ден започнува со подготовката на првите појадоци за гостите, а продолжува со различни јадења, менија и нови идеи кои треба да станат вкусни и добро осмислени оброци. Часови поминати во професионална кујна, полни со работа, креативност и постојано внимание на секој детал.
Токму затоа, кога ќе се врати дома, сака работите да бидат малку поедноставни. „Кога цел ден си во кујна, дома сакаш што побрзо да подготвиш нешто убаво и да имаш повеќе време за децата. Сакам да им готвам и уживам во тоа, но не сакам повторно да го поминам цело време во подготовка на оброци. Најубаво ми е кога и тие ќе се вклучат, па готвењето ни станува заедничко време“, вели Катерина.
Долгогодишното професионално искуство ѝ помогнало многу добро да знае што очекува од опремата со која работи. За неа, добрата опрема не е само прашање на модерен дизајн, туку на практичност, прецизност и решенија што навистина го олеснуваат секојдневното готвење. Еден од моментите кога вистински ја почувствувала практичноста на добрата опрема бил кога колешка, исто така професионален готвач, ја поканила на кафе во својот дом, и токму таму Катерина првпат ја забележала Miele KM8000 плотната за готвење.
„Кога ја видов кај неа дома, веднаш ме заинтересира. Таа ми раскажа колку ѝ е полесно да готви дома со Miele плотната, особено по цел ден поминат во професионална кујна. Ми кажа дека многу полесно и побрзо подготвува оброци, а потоа ѝ останува повеќе време за семејството. Тоа многу ми се допадна, бидејќи и јас, кога ќе се вратам од работа, сакам да им подготвам нешто убаво на децата, но не сакам повторно да поминам часови во кујна“, раскажува Катерина.
Miele KM8000 е пример за паметна технологија за готвење која го прави секојдневното подготвување на оброците попрактично и поефикасно. Плотната овозможува автоматско препознавање на садовите и активирање на соодветната зона, додека четирите зони за готвење, вклучувајќи ја и PowerFlex зоната, нудат флексибилност при користење различни садови и овозможуваат истовремено готвење во повеќе садови.
„Кога работиш професионално, сакаш технологијата да ти го олесни процесот, а не да ти додава нови чекори. Истото го сакам и дома. По цел ден во кујна, сакам домашниот ручек да го подготвам што е можно поедноставно и побрзо, за да ми остане повеќе време за децата – да седнеме, да разговараме, а понекогаш и повторно да влеземе во кујна за да спремиме некој десерт“, вели Катерина.
За неа, убавината на домашното готвење е во времето поминато со децата – заедно да подготвуваат, пробуваат нови вкусови и уживаат во храната, без целото време да биде поминато пред шпоретот. Токму затоа, со својата паметна технологија, Miele KM 8000 ѝ овозможува полесно и поефикасно готвење, оставајќи повеќе време за разговори, смеа и убави моменти со семејството.