Почетна ЕкономијаСостанок во Владата за спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3

Состанок во Владата за спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3

од nenad
0 минути читај за

14/10/2026 18:16
ВЕСТИ, ФИНАНСИИ

Во Владата денеска е одржан работен состанок со надлежните министри и претставници на Канцеларијата за европски прашања, посветен на спроведувањето на програмите ИПА 2 и ИПА 3, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

– Разговаравме за тековните активности, реализацијата на проектите, меѓуинституционалната координација и можностите за поефикасно користење на европската финансиска поддршка. Нашата цел е јасна, забрзана реализација на проектите, поголема ефикасност на институциите и максимално искористување на европските средства за конкретни проекти, развој и подобар живот на граѓаните, напиша Мицкоски.са/

Фото: ФБ Христијан Мицкоски/ Извор: МИА