Table of Contents
Ким Кардашијан откри детали од семејниот живот што повторно ја разгореа дебатата на социјалните мрежи. Ријалити-ѕвездата и успешна претприемачка има пет дадилки кои наизменично ѝ помагаат во грижата за четирите деца, но тврди дека и покрај бројните професионални обврски, секојдневно е вклучена во нивното растење.
Во интервју за The Sunday Times Style, 45-годишната Ким зборувала за тоа како ги усогласува кариерата и мајчинството, откривајќи дека секогаш има најмалку една дадилка која е на должност. Сепак, нагласува дека одредени семејни ритуали се резервирани за неа и за децата.
Ким ги носи и ги зема од училиште, заедно вечераат, а навечер им чита книги. Како што открила, понекогаш некое од децата сè уште сака да спие во нејзината спална соба.
Мислам дека сум средно строга мајка. Исклучително сум трпелива, полна со љубов и грижа. Сè уште се случува некое дете да спие со мене ако го посака тоа. Секоја вечер им читам книги“, раскажала таа.
Ким сака децата да ги разберат трудот и привилегиите
Ким има четири деца со поранешниот сопруг Канје Вест: Норт (13), Сент (10), Чикаго (8) и Псалм (7). Иако растат во семејство со огромно богатство и привилегии, таа вели дека постојано разговара со нив за благодарноста и важноста на напорната работа.
Постојано зборувам со нив за напорната работа, за тоа никогаш да не ги земаат работите здраво за готово и секогаш да бидат благодарни. Им покажувам со личен пример“, открила Кардашијан.
Таа додава дека е отворена со децата и кога станува збор за нејзината професионална кариера, но и за трудот што го вложува во правните студии. Според неа, децата се горди на она што го работи.
Пет дадилки за четири деца – и веднаш почнаа коментарите
Поврзани објави
Иако Ким нагласува дека активно учествува во секојдневието на своите деца, бројката од пет дадилки предизвика поделени реакции. Дел од корисниците сметаат дека таквата помош ѝ овозможува полесно да ги усогласува обврските, додека други сметаат дека родителството не треба толку многу да се потпира на ангажиран персонал.
Меѓу коментарите се најдоа и иронични забелешки:
Зошто имаш деца ако други луѓе треба да ти ги одгледуваат?“
„И јас би била исклучително трпелива и полна со љубов да имав пет дадилки.“
Некои, пак, го поврзаа откритието со претходните критики упатени кон нејзината најстара ќерка, Норт, поради нејзиниот моден стил и изборот на пирсеви.
Каков однос има со Канје Вест?
Во интервјуто, Кардашијан зборувала и за односот со поранешниот сопруг, особено кога станува збор за музичките амбиции на Норт. Според неа, се обидуваат да ги усогласат одлуките за проектите во кои би учествувала нивната ќерка.
Ким и Канје имаат четири деца, а нивното воспитување и јавните одлуки поврзани со Норт редовно привлекуваат внимание. Претходно, ријалити-ѕвездата беше критикувана поради модните комбинации и пирсевите на ќерката, на што одговори дека не сака да ја ограничува нејзината креативност.
Нејзиното најново признание повторно отвори прашања за родителството во семејствата со големо богатство: дали ангажирањето помош е начин полесно да се организира секојдневието или, како што сметаат дел од критичарите, премногу ги оддалечува родителите од грижата за децата?
Фото: Инстаграм