Почетна Убавина и здравјеЧолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

од nenad
2 минути читај за

Српската пејачка Јована Типшин во поткастот „Право лице естраде“ се присетила на посебните моменти што ги доживеала со легендарниот Здравко Чолиќ, најголемата поп-ѕвезда во регионот.

Зборувајќи за пејачот кого го почитувала уште од младоста, Јована открила неколку анегдоти што досега немала можност да ги раскаже на јавноста, а кои, вели таа, најдобро покажуваат каков е Чолиќ приватно.

Јована не криела дека Здравко Чолиќ отсекогаш бил нејзин музички фаворит, но и дека, освен со неговите песни и изглед, ја освоил со своите манири и односот кон луѓето.

„Отсекогаш го сакав Здравко Чолиќ, Чола отсекогаш ми беше број еден. Ја сакав неговата музика и неговата појава“, реклз Јована, а потоа се присетила на нивната прва средба во еден ресторан на Баново брдо, каде што Чолиќ живеел во тоа време.

Сепак, еден гест особено ѝ останал во сеќавање. Во периодот кога бил објавен албумот на Чолиќ „Чаролија“, Јована добила повик од неговиот возач, кој ја чекал пред зградата и ѝ врачил ЦД со лична посвета.

– Возачот на Чола ми се јавува, пред мојата зграда е, и го добивам ЦД-то на Чола со посвета. Тој лично го испратил на мојата адреса. Каква почит е тоа –  се присетила пејачката, истакнувајќи дека токму тој потег ја освоил засекогаш.

Меѓутоа, Јована ја зачувла најинтересната анегдота за крај. Средбата со Чолиќ во Дедиња се претворила во ситуација што, како што вели, никогаш нема да ја заборави.

Пејачот седел со еден господин во ресторан, најверојатно на деловен состанок, а пред него имало договори. Додека се поздравувале и се избакнале, Чолиќ, среќен што ја видел, ги раширил рацете и извикал: „Каде си, Јованице!“

Во тој момент виното што го пиел се истурило директно врз договорот!

– Јас се фатив за главата: „О, Чола, извини!“ А тој ми вели: „Зошто се извинуваш, Јована? Па, ништо не е тоа. Следниот ќе го испечатиме! – рекла Јована со насмевка.

Токму оваа реакција оставила посебен впечаток кај пејачката, која уште еднаш нагласила колку Чолиќ ја фасцинирал со своето однесување.

– Каков господин! – рекла Јована Типшин во поткастот „Право лице естраде“, откривајќи досега нераскажана анегдота за музичката ѕвезда на која ѝ се восхитува со децении.