Почетна Убавина и здравјеШеф Никола од „Брза кујна“ го прослави 42. роденден – подарокот од ќерките го разнежни (ВИДЕО)

Шеф Никола од „Брза кујна“ го прослави 42. роденден – подарокот од ќерките го разнежни (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Дариа и Калиа го пречекаа со торта, подароци и прегратки, а Никола призна дека токму тие моменти му се најголемото богатство.

Никола Мишковски, популарниот шеф од „Брза кујна“, го прослави својот 42. роденден, но најубавото изненадување го доби дома. Ќерките Дариа и Калиа го пречекаа со торта и свеќички, му пееја роденденска песна и му подарија подароци.

Сопругата Стефанија ги сними емотивните моменти, а Никола подоцна сподели дел од видеото со своите следбеници. Тој напиша дека по сите работни предизвици, успеси и падови, токму прегратките од неговите деца го потсетуваат што значи вистинското богатство.


Поврзани објави

Не ми треба поголем подарок. Овие прегратки, овие насмевки и ова „Среќен роденден, тато“ вредат повеќе од сè“, порача Никола.

Никола и Стефанија се во брак од 2019 година. Покрај Дариа и Калиа, тој има и син од првиот брак.

Instagram pritnscreen