Почетна Убавина и здравјеПоловина век без Силвана Арменулиќ – легендарната пејачка загина во страшна сообраќајна несреќа, а околностите за нејзината смрт и понатаму се мистерија

Половина век без Силвана Арменулиќ – легендарната пејачка загина во страшна сообраќајна несреќа, а околностите за нејзината смрт и понатаму се мистерија

од nenad
1 минути читај за



Една од најголемите југословенски музички ѕвезди, незаборавната Силвана Арменулиќ, го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа на денешен ден пред точно 50 години, на автопатот Белград – Ниш, кај местото Колари.

Во тешката несреќа која се случи кога „форд гранада“ со брзина од околу 150 километри на час излета во спротивната лента и се заби во камион, животот го загубија и нејзината сестра Мирјана (Мирсада) Бајрактаревиќ, која била во шестиот месец од бременоста, како и познатиот виолинист и шеф на Народниот оркестар на Радио Белград, Миодраг Јашаревиќ.

 


Поврзани објави

Силвана загинала на само 37-годишна возраст. Нејзината трагична судбина и по половина век носи бројни неразјаснети прашања и мистериозни околности околу тоа зошто автомобилот бил толку многу задржан на патот до Белград.

Животната приказна на култната пејачка, родена како Зилха Барјактаревиќ во Добој во 1939 година, била обележана со тешко детство. Поради тешката финансиска состојба и заминувањето на таткото кој се оддал на алкохолот, таа на само 16 години заминала од дома кај тетка ѝ во Сараево, каде што почнала да пее по кафаните и да ја гради својата блескава кариера, земајќи го името Силвана по славната актерка Силвана Манго.