Полицијата реагираше по инцидентот во Скопје, кога возач со автомобил „Форд“ со скопски регистарски таблички го попречувал сообраќајот на една од градските крстосници.
Станува збор за Ш.А., кој на 7 октомври го нарушил нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на улицата „Васил Чакаларов“. Случајот привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што беше објавен инцидентот.
Од СВР Скопје информираат дека возачот денеска, 9 октомври, бил повикан во полициска станица, по што Одделението за безбедност на патниот сообраќај презело мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Засега нема официјални информации за тоа каква конкретна санкција му е изречена на возачот.