Почетна Убавина и здравјеЈа обвинуваат дека сака да ги оддалечи децата од татко им – Убавина и здравје

Ја обвинуваат дека сака да ги оддалечи децата од татко им – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Четири години по бурното раскинување, Пике и Шакира повторно завршија на суд

Шакира и Пике вчера се појавија на суд во Барселона по повод важна точка од договорот за старателството над нивните синови Милан и Саша. Поранешниот пар кон крајот на 2022 година постигна договор со кој на пејачката ѝ беше овозможено да се пресели со децата од Барселона во Мајами. Сега, сепак, таа бара измени на дел од договорот што се однесува на нивните патувања меѓу САД и Шпанија.

Познатата пејачка моментално престојува во Мадрид поради концертите, а во Барселона допатува поради судското рочиште. Таа смета дека актуелниот распоред претставува преголем товар за децата, пред сè поради честите патувања меѓу Мајами и Барселона во текот на кратките училишни распусти.

Музичката ѕвезда бара од судот да го измени договорот за Милан и Саша да не мораат голем дел од своите кратки распусти да го поминуваат патувајќи меѓу двата града. Да се потсетиме, Пике живее во Барселона.

Пејачката смета дека децата не треба секогаш тие да бидат оние што патуваат меѓу Мајами и Барселона за да го одржуваат односот со двајцата родители. Нејзиниот адвокатски тим предлага обврските поврзани со патувањата порамномерно да се распределат меѓу родителите.

„Сакаме патувањето меѓу Мајами и Барселона да не биде исклучиво товар за децата“, соопштија адвокатите.


Поврзани објави

Тоа значи дека Шакира бара Пике да патува во Мајами за време на кратките училишни распусти и таму да поминува време со синовите. На тој начин, момчињата би можеле да останат во својот дом, наместо да тргнуваат на долги патувања и да се приспособуваат на временската разлика за само неколку дена поминати во Шпанија.

Како што истакна колумбиската пејачка, стабилноста и благосостојбата на нивните синови се нејзин главен приоритет. Нејзиниот правен тим наведува дека предложените измени би им овозможиле на децата подолго да ги задржат своите училишни, социјални и семејни рутини.

Нејзините претставници за медиумите ги отфрлија гласините дека Шакира со новото барање се обидува да ги оддалечи децата од нивниот татко. Тие нагласија дека целта не е „намалување на времето што децата го поминуваат со таткото“, туку поинаква организација на посетите, со цел да се заштитат емоционалната и физичката благосостојба на момчињата, како и нивниот успех во училиштето.

Синовите на поранешниот пар, Милан и Саша, од април 2023 година живеат во Мајами со мајка им. Преселбата од Барселона, градот во кој се родени и пораснаа, претставуваше голема промена за двајцата. На тоа се надоврзаа и честите патувања од САД во Шпанија за да го поминуваат времето со својот татко.

Ставот на Шакира е дека намалувањето на бројот на кратки патувања во Шпанија би им овозможило на момчињата повеќе време да поминуваат во познатото опкружување, без чести прекини на училишните и социјалните активности. Откако се раздели со Пике, пејачката во неколку наврати јавно апелираше да се почитува приватноста на нивните синови и момчињата да бидат заштитени од прекумерното медиумско внимание.

Шакира вчера пред судот во Барселона се појави видно нерасположена, додека нејзиниот поранешен партнер не ја симнуваше насмевката од лицето.

ФОТО: Инстаграм