Британската пејачка Рита Ора се најде во правни проблеми откако нејзината поранешна менаџерка поднесе тужба против неа. Сара Стенет тврди дека Ора не ѝ исплатила процент од својата заработка и споменува износ поголем од три милиони фунти.
Рита Ора ја прекинала соработката со поранешната менаџерка во 2024 година, откако заедно работеле од 2009 година. Во тоа време, се појавиле тврдења дека се разделиле поради несогласувања околу „насоката на нејзината кариера“. Несогласувањата сега ескалираа, откако Стенет, основачка на компанијата „ФАЕ Вентурс“, поднела тужба до Високиот суд, тврдејќи дека пејачката ѝ должи милиони.
Таа тврди дека Рита, која потпишала договор со нејзината компанија кога имала 18 години, наводно не ѝ го предала делот од заработката остварена од турнеи и телевизиски ангажмани. Во документите се наведува дека Рита ги прекршила условите на договорот бидејќи не ѝ го исплатила на компанијата нејзиниот дел, односно износ од околу 3,2 милиони фунти.
Најголемиот износ на неисплатени пари надминува 1,7 милиони фунти, како што објави британски „Сан“. „ФАЕ Вентурс“ тврди дека имало „недозволени одбитоци“ за професионални услуги, вклучувајќи рекламирање, сметководство и осигурување. Покрај тоа, компанијата бара и 1,1 милион фунти поради непријавување на приходи остварени во текот на Светската турнеја во Феникс од пролетта 2019 до 2020 година. Турнејата вклучуваше седум концерти во големи арени низ Велика Британија, вклучувајќи и настап во лондонската „О2 арена“.
Поврзани објави
Во тужбата се наведува дека при исплатите на компанијата „не се водело сметка одредените приходи од турнејата што тужената го остварила (или што се остварени во нејзино име) во тој период“.
Компанијата на менаџерката тврди дека Рита не ги прикажувала точно своите приходи додека била член на жирито на популарното британско музичко натпреварување „Маскираниот пејач“.
Откако ја напушти „ФАЕ Вентурс“, Ора потпишала договор со Мелиса Рудерман во компанијата „Ренџ медиа партнерс“, каде што почнала да се фокусира на нешто повеќе од само пеење. Неодамна, пејачката најави нова музика, а освен што работи на својот четврти албум, Рита ќе се појави и во неколку филмови. Таа глуми во „Меден месец со Хари“ на Амазон МГМ, заедно со Џејк Џиленхол, Кевин Костнер и Сара Пиџон. Рира исто така глуми и во претстојниот филм „Волтрон“ и во „Потомци: Злобна земја на чудата“ на „Дизни“.
Рита активно ја развива и ТИПЕБЕА, компанијата за нега на коса што ја основа со Ана Лахеј.