20
Акционерот Ѓорѓе Качурков го зголеми своето учество во сопственичката структура на РЖ УСЛУГИ АД Скопје, преку берзански трансакции со кои се стекна со дополнителни акции, информира Македонска берза.
Од компанијата информираат дека во изминатиот период Качурков се стекнал со 2.000 обични акции издадени од РЖ УСЛУГИ АД Скопје.
По трансакциите, тој поседува вкупно 382.157 обични акции, што претставува 24,32 отсто од вкупниот број акции на компанијата.
Промената е објавена согласно Глава 6 од Правилата за котација, кои предвидуваат известување за промените кај акционерите со значителни удели.