Пејачката пристигна држејќи се за рака со Келси, а нејзината црна комбинација привлече внимание и со луксузните модни додатоци.
Тејлор Свифт и Тревис Келси го прославија 37. роденден на Келси со вечера во њујоршкиот ресторан „Ториси“. Двојката пристигна заедно, држејќи се за рака, а Свифт за вечерното излегување избра впечатлива целосно црна комбинација во која ги спои тантелата и кожата.
Пејачката носеше миди фустан од кашмир со тантелни детали од „Симкаи“, над кој облече предимензионирана кожна јакна од „Сен Лоран“. Изгледот го надополни со сандали со потпетица од „Џими Чу“ и чанта од „Живанши“. Според објавените цени, јакната чини 7.400 долари, фустанот 895, а чантата 1.990 долари.
Келси, пак, се појави во темнозелен кардиган од „Луј Витон“, широки панталони и чизми со потпетица. Кардиганот со логото на градите се продава за околу 2.400 долари. Вниманието го привлече и накитот на парот – Свифт носеше заоблен венчален прстен од жолто злато со дијаманти, кој се вклопува со нејзиниот свршенички прстен, додека прстенот на Келси исто така е изработен од жолто злато.
Фотографии може да погледнете ОВДЕ, ОВДЕ, ОВДЕ
Ова не е првпат Свифт да ја комбинира кожата со тантела. Во мај, за средба со Келси во Лондон, таа носеше кожен капут со тантелна маичка и здолниште. „Симкаи“ очигледно е меѓу нејзините омилени брендови, бидејќи неодамна за појавувањето во „Saturday Night Live“ со Дакота Џонсон избра кариран минифустан од истиот бренд.
Screenshot youtube – Popcast and The New York Times