Пејачката Оља Карлеуша во емотивна исповед го отвори срцето за своето детство, откривајќи дека нејзините родители цели 12 години се бореле за потомство и изгубиле осум бебиња пред таа да дојде на свет како вистинско мало чудо.
Карлеуша се присети на своите корени, како и на необичниот пат кој ја одведе од Правниот факултет директно на естрадната сцена:
Поврзани објави
„Прво беа 12 години во брак и изгубија осум бебиња, па дури потоа ме добија мене. Изгледа јас бев најупорна или Бог рече таа да биде која ќе се роди. При излегувањето од болница, иако во документи сум Олгица, родителите веднаш почнаа да ме викаат Оља бидејќи името им звучеше построго. Татко ми беше голем авторитет и ме научи на точност, додека мајка ми ми ја даваше сета нежност“.
Карлеуша додаде дека и покрај брзиот успех во музиката, на инсистирање на мајка си го завршила Правниот факултет и положила правосуден испит. Токму таа диплома ѝ станала најголемо засолниште кога поради белодробна емболија морала привремено да го намали интензитетот на естрадните настапи и да се повлече од сцената.