По тешка борба со Хоџкинов лимфом и хемотерапија, Мишел Рок дознала дека е бремена дури во 33. недела.
Мишел Рок (52) од Белфаст, Ирска, на 42-годишна возраст била убедена дека симптомите што ги чувствува се знак на рана менопауза. Имала нередовен циклус, се здебелила и постојано се чувствувала уморно, а повремено забележувала и необични движења во стомакот. Наместо очекуваната менопауза, таа дознала дека е бремена, и тоа дури во 33. недела.
Пред неочекуваната бременост, Мишел поминала низ исклучително тежок период. На 40 години ѝ бил дијагностициран Хоџкинов лимфом, по што следувала шестмесечна хемотерапија, а таа стравувала дека третманот засекогаш ѝ ја одзел можноста да стане мајка. Иако лекарите ѝ дале мала надеж, таа не можела ниту да замисли дека само две години подоцна ќе добие дете.
Сè се променило кога Мишел отишла на лекар поради висок крвен притисок. За време на прегледот бил направен ултразвук, а лекарите наеднаш го забележале и срцето на бебето.
Тоа беше најголемиот шок во мојот живот“, раскажува Мишел, која тогаш дознала дека носи девојче.
Поврзани објави
Имала само околу шест недели да се подготви за мајчинството, а Рајли се родила еден месец подоцна, две недели пред предвидениот термин, без компликации.
Денес Рајли има девет години и секое утро Мишел ја испраќа на училиште, иако често е една од најстарите мајки во училишниот двор. Двапати ја прашале дали е баба на девојчето, наместо нејзина мајка, но вели дека тоа повеќе ја насмеало отколку што ја повредило.
И покрај тоа што признава дека мајчинството на повозрасна возраст носи повеќе замор, Мишел вели дека зрелоста и животното искуство ѝ се предност, а Рајли ѝ донела огромна радост и ја прави да се чувствува помладо.
pexels – klinika