Кара Делевињ се појавила во провокативен црн фустан, а не се одвојувала од Џордан Ферстман
На годинешното издание на Филмскиот фестивал во Кан, манекенката и актерка Кара Делевињ уште еднаш докажала зошто важи за една од најсмелите модни икони од својата генерација. Имено, таа се појавила на премиерата на филмот Club Kid, каде што е дел од актерската екипа, а нејзиниот изглед на црвениот килим предизвикал лавина од коментари.
Фокус на едноставен, но провокативен фустан
Посебно внимание привлекол впечатливиот црн фустан и црвениот кармин кој ја истакнал нејзината убавина. Црниот фустан воопшто не бил класичен. Елегантен, но провокативен, со проѕирни детали и слоеви кои нежно го следеле секој нејзин чекор – совршено ја нагласил нејзината фигура.
Длабоките изрези и отворениот грб ѝ дале на комбинацијата доза на смелост, додека целосниот изглед останал софистициран и во рамките на високата мода. Кара успеала да ги спои гламурот на стариот Холивуд со модерниот и авангарден стил.
Кара Делевињ во Кан покажала како се остава моден впечаток – не само со облеката, туку и со ставот и самодовербата.
Поврзани објави
Блискиот однос со колегата привлекол внимание
Иако Кара од 2022 година е во сериозна и стабилна врска со британската пејачка и текстописец Минке, чие вистинско име е Леа Мејсон, таа привлекла внимание во Кан и поради блискоста со Џордан Ферстман. Во текот на фестивалот тие често се појавувале заедно, си разменувале насмевки, позирале прегрнати пред камерите и изгледале исклучително блиски. Сепак, нивната хемија се толкува како резултат на блиската соработка и дружење за време на проектот Club Kid.
ФОТО: Принтскрин инстаграм