Почетна Убавина и здравјеREDMI Note 17 Pro серијата е создадена за динамично секојдневие – Убавина и здравје

REDMI Note 17 Pro серијата е создадена за динамично секојдневие – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Убавиот дизајн е важен, но телефонот што го носиме со себе од утро до вечер треба да понуди многу повеќе. Да ја издржи брзината на секојдневието, да не нè остава без батерија во погрешен момент, да не ни создава паника при секоја капка вода и, секако, да изгледа доволно добро за да стане дел од нашиот личен стил. Новите REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G токму тука ја наоѓаат својата силна страна.

Телефонот одамна е повеќе од технолошки уред. Тој е со нас на работа, на кафе, на патување, во теретана, на вечера, додека фотографираме, плаќаме, одговараме на пораки или едноставно скроламе на крајот од денот. Затоа при изборот сè почесто бараме комбинација: да изгледа убаво, да биде практичен, да трае и да не бара компромис со буџетот. Токму на таа идеја е изградена REDMI Note серијата, која традиционално носи функции и карактеристики што ги поврзуваме со повисоките категории на смартфони, но во сегмент достапен за поширок круг корисници.

Батерија што го следи вашиот ритам

Можеби најголемиот луксуз во еден динамичен ден е воопшто да не размислувате каде ви е полначот. REDMI Note 17 Pro Max 5G доаѓа со голема 9.210 mAh силициум-јаглеродна батерија, со автономија до три дена и 100W HyperCharge. REDMI Note 17 Pro 5G, пак, располага со 8.340 mAh батерија, автономија подолга од два дена и 67W HyperCharge.

Тоа е особено практично во денови кои почнуваат рано, а завршуваат многу подоцна од планираното. Работа, GPS, фотографии, видеа, повици, социјални мрежи – телефонот едноставно треба да држи чекор со вас.

Дополнително, моделот поддржува и реверзибилно полнење, па може да послужи како извор на енергија за друг компатибилен уред.

Убав, но создаден и да го изджи секојдневието

Телефонот може да изгледа прекрасно на фотографија, но вистинскиот тест почнува кога ќе стане дел од секојдневието. Кога случајно ќе ви се лизне од рака, кога ќе ве фати дожд додека одговарате на порака или кога чашата на масата ќе се преврти малку поблиску до него отколку што би сакале.

Токму затоа REDMI Note 17 Pro Max 5G не прави компромис меѓу стилот и издржливоста. Доаѓа со IP66/IP68 отпорност на прашина и вода, Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 и сертифицирана отпорност на пад од висина до три метри во предвидени тест-услови.

А кога станува збор за изгледот, особено се издвојува Cloud Blush варијантата. Благодарение на фото-хроматската завршница, задната страна на телефонот реагира на сончева светлина и од нежна светла нијанса преминува во потопол розово-портокалов тон. Така телефонот добива различен карактер во затворен простор и на сонце, претворајќи го дизајнот во уште еден детал што го прави препознатлив и стилски впечатлив.

Сето тоа е дел од концептот REDMI Titan Quality, кој не се фокусира само на тоа телефонот да изгледа добро кога е нов, туку да биде создаден за подолга, порелаксирана и посигурна секојдневна употреба.


Поврзани објави

Голем екран за работа, серии и сè помеѓу

Во текот на еден ден на телефонот гледаме многу повеќе од пораки.
Го користиме за работа, фотографии, онлајн купување, социјални мрежи, видео, рецепти, мапи, книги, серии и содржини што нè релаксираат на крајот од денот.

Двата Pro модели располагаат со голем 6,83-инчен 1.5K CrystalRes AMOLED екран, со освежување до 120Hz. Резултатот е голема и јасна површина за содржините што ги гледаме секој ден, без разлика дали станува збор за неколку минути скролање или цела епизода од омилената серија.

А стилот? И тој има свое место

Во време кога сè почесто внимаваме што купуваме и колку долго ќе го користиме, добриот избор не е нужно најскапиот уред. Подеднакво важно е да добиеме телефон кој не изгледа и не се чувствува застарено по кратко време. Токму тука REDMI Note 17 Pro серијата има силен аргумент: комбинација од големи батерии, издржлива конструкција, модерен AMOLED екран, стабилни секојдневни перформанси и дизајн што не изгледа како компромис.

А фактот што сето тоа доаѓа во ценовна категорија создадена за поширок круг корисници ја прави серијата уште поинтересна за оние што сакаат добар баланс меѓу стил, практичност, трајност и цена. Бидејќи вистински добриот телефон не треба само убаво да изгледа во првите неколку недели.

Треба да може да го следи вашиот стил и вашиот живот долго потоа. Промотивна понуда што ја прави одлуката уште попривлечна

Продажбата на новите REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G во Македонија е веќе започната, и во тек е фантастична промотивна понуда со која доколку се одлучите за еден од овие два нови смартфони, извршете регистрација на купувањето и ќе можете и да изберете како подарок еден од следниве три уреди на Xiaomi: стик правосмукалка Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или панелка за греење Mi Smart Space Heater S EU.

Промоцијата ќе трае до 22 октомври или до истрошување на залихите.

Текст и фото: ПР