Почетна Убавина и здравјеСлаткар му рекол „Ти друже никаде нема да идеш…“! Емотивно отворање пред публиката (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Слаткар му рекол „Ти друже никаде нема да идеш…“! Емотивно отворање пред публиката (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Во емотивно гостување, Драган Величковски раскажа низ што поминувал во моментот кога сакал да ја напушти земјата и кој застанал зад него.

Драган Величковски – Тајзи сподели една досега помалку позната епизода од својот живот, откривајќи дека во еден од најтешките периоди сериозно размислувал да ја напушти Македонија. За својата животна приказна зборуваше во подкастот на Стефан Лазаров, каде што отворено се осврна и на семејството, музиката и луѓето кои оставиле трага во неговата кариера.

Како што раскажа Тајзи, во тој период неговата мајка се соочила со тумор на мозокот, додека неговиот татко бил во притвор. Сето тоа, заедно со разочарувањето од ситуацијата во земјата и неизвесноста дали финансиски ќе може да се справи со тешкиот период, го натерало сериозно да размислува за заминување во странство.

Во исто време, Тајзи веќе работел на албумот „Нешто поинакво“ и имал подготвени демо-снимки. Тогаш разговарал со Марко Слаткаристика, кој, според неговото сведоштво, му кажал реченица што и денес ја памети.

Ти друже никаде нема да идеш“, му рекол Слаткар.

Тајзи раскажа дека му го пуштил целиот материјал, а Слаткаристика наместо да го поддржи планот за заминување, го убедил да остане и да продолжи со музиката. Му предложил да разговараат за договор со „Иноватива“ и заеднички да ги градат своите кариери.


Поврзани објави

Но, поддршката, како што раскажа Тајзи, не останала само на зборови. Слаткар одел со него кај различни продуценти и се обидувал да ги убеди да работат со него, бидејќи готовите песни сепак требало да добијат аранжмани и финална продукција.

Тајзи денес смета дека токму таа несебичност имала големо значење за неговиот понатамошен пат. Тој откри дека уште во првата година имал голем број настапи низ Македонија и јавно му се заблагодари на Марко за уделот што го имал во неговата кариера.

Несебично ми даде дел од себе, нејќеше да се мери со ништо, туку сакаше сите да раснеме“, раскажа Тајзи.

Screenshot socijalni mrezi