Почетна Економија„Тепихот на Биг Лебовски“ со премиера на 16 октомври во Свети Николе.

„Тепихот на Биг Лебовски“ со премиера на 16 октомври во Свети Николе.

од nenad
2 минути читај за

Новата комедија на Алтернативен театар „ПРОБАТОН“, во режија на Ѓорѓи Ризески и по текст на Сашо Костовски, ја пренесува препознатливата приказна за еден тепих, едно киднапирање и низа сè покомплицирани ситуации на театарската сцена.

 Свети Николе, 1 октомври 2026 – Театарската претстава „Тепихот на Биг Лебовски“ ќе ја има својата премиера на 16 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 часот во Свети Николе, во организација и продукција на Алтернативен театар „ПРОБАТОН“. Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, а текстот е на Сашо Костовски.

Еден тепих. Еден куп пари. Едно киднапирање. Оттаму започнува заплетот што низ црн хумор, апсурдни ситуации, куглање и низа необични средби ги води ликовите од еден проблем во друг. Препознатливиот свет на „Биг Лебовски“ добива сценска форма во комедија изградена околу карактери кои се обидуваат да воспостават ред во ситуација што постојано станува посложена.

„Претстава со мноштво на динамични ликови во неа, но за жал, никој со никого не се слуша доволно – ниту се разбира. Секој еден – живее во својот сопствен свет. Секој е свој свет само за себе.“, вели режисерот Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат Милорад Ангелов, Чедомир Митевски, Стефан Ѓорчев, Марко Трајковиќ, Марија Лазарова и Горан Илиќ.

„Тепихот на Биг Лебовски“ е дел од програмската определба на Алтернативен театар „ПРОБАТОН“ кон комедијата, современите сценски форми и создавањето простор за нови драмски текстови од македонски автори.

„ Приказната е поучна, на моменти смешна, на моменти малку напната и неизвесна, со мала доза апсурдни и филозофски мисли, со интересни дијалози, многу игра, но во секој случај топла, нежна, лесна и прифатлива за публиката. “, вели авторот Сашо Костовски.

Театарската приказна продолжува и онлајн

Како дел од кампањата пред премиерата, на 1 октомври е објавена и мини аркадна веб-игра со наслов „Јавачот Мајт!“

 Играта претставува дополнителен дигитален елемент на кампањата преку кој публиката може да влезе во атмосферата на „Тепихот на Биг Лебовски“ и пред да дојде во театар. Таа е дел од поширокото онлајн претставување на продукцијата, заедно со официјалната веб-страница посветена на претставата.

Информации за премиерата

 

Претстава: „Тепихот на Биг Лебовски“
Датум: 16 октомври 2026
Почеток: 20:00 часот
Место: Славјански Универзитет – Свети Николе, ул. „Маршал Тито“ бр. 77
Режија: Ѓорѓи Ризески
Текст: Сашо Костовски
Играат: Милорад Ангелов, Чедомир Митевски, Стефан Ѓорчев, Марко Трајковиќ, Марија Лазарова и Горан Илиќ
Цена на билет: 500 денари

Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата на Алтернативен театар „ПРОБАТОН“.

За Алтернативен театар „ПРОБАТОН“

Алтернативен театар „ПРОБАТОН“ од Свети Николе е театарска продукција со фокус на различни форми на комедија, нови македонски драмски текстови и претстави што воспоставуваат директна комуникација со публиката.