Почетна Убавина и здравјеСи го уништил лицето со пластични операции, па сега се жали дека нема работа – Убавина и здравје

Си го уништил лицето со пластични операции, па сега се жали дека нема работа – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Кога се рашири новото интервју со актерот Џон Кјузак на Интернет, обожавателите речиси веднаш почнаа да шпекулираат дека правел пластични операции

Актерот Џон Кјузак неодамна, по подолг период, повторно се појави во јавноста, подготвен да се присети на своите филмови, култни улоги и повеќедецениската кариера. Сепак, и покрај сè што зборуваше во интервјуто, дел од фановите повеќе ги интересираше друго прашање – што се случило со лицето на оваа икона од осумдесеттите?

Некои коментираа дека актерот има „ново лице“, а еден од нив напиша:

„Посакувам да можев да го гледам како нормално старее. И понатаму ќе беше многу привлечен. Ова лице изгледа морничаво.“

Во реткото гостување во подкастот „Happy Sad Confused“, Кјузак седеше спроти водителот Џош Хоровиц.

Шеесетгодишниот актер, облечен во црно, зборуваше на низа теми поврзани со својата кариера – меѓу другото, и за тоа дали некогаш му била понудена улога во хит-филмот на Квентин Тарантино „Евтини приказни“ („Pulp Fiction“), како и улогата на Волтер Вајт во серијата „Breaking Bad“, која подоцна стана омилена меѓу гледачите.

Кјузак појасни и дека никогаш не му била понудена улогата на проблематичниот Џон Бендер во филмот „The Breakfast Club“, која на крајот ја одигра Џад Нелсон.

Зборувајќи на оваа тема, Кјузак раскажа една интересна анегдота:

„Му реков: ’Еј, човече, ја обожавам твојата серија, одлична е. Морам да знам – сите зборуваат дека си ми ја понудил таа улога. Дали навистина ми ја понуди?’ Тој ми одговори: ’Не.’ А јас му реков: ’Ти благодарам, Винс!’“, раскажа Кјузак.

Тинејџерски идол и холивудски миленик

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години, Кјузак уживаше во огромна популарност и важеше за еден од омилените холивудски актери и заводници. Неговиот статус на идол на тинејџерската публика дополнително го зацврстија филмовите како „Sixteen Candles“ (1984), „The Sure Thing“ (1985), „Better Off Dead“ (1985), „Stand by Me“ (1986) и „Say Anything…“ (1989).


Поврзани објави

Последниве години, сепак, актерот поретко се појавува на големото платно. Неговата последна улога во американски филм беше во остварувањето „Fog of War“ од 2025 година.

Во меѓувреме, на другата страна од Пацификот, Кјузак ја одигра главната улога во кинескиот шпионски трилер „Decoded“, кој имаше голем успех на киноблагајните, а премиерно беше прикажан во 2024 година.

„Веќе не сум барано име“

Кјузак досега има учествувано и во најмалку три „Ask Me Anything“ (AMA) сесии на Reddit, каде што накратко има зборувано и за својот однос кон славата.

„Не можам да кажам дека уживам во славата, бидејќи понекогаш е тешко да се биде во јавноста и постојано да им се излегува во пресрет на луѓето“, напишал тој за време на една сесија со прашања и одговори во 2016 година.

Во интервју за „Гардијан“ во 2020 година, пак, актерот отворено зборувал за промените во неговата кариера и за впечатокот дека Холивуд продолжил понатаму без него.

„Во последните години не успевам да обезбедам финансирање за проектите. Тоа можеби е последица на стареењето. Или, пак, на тоа што веќе не сум баран“, рекол Кјузак.

Во истиот разговор тој додал:

„Одамна веќе не сум ’жешко име’ во индустријата.“

ФОТО: ИНСТАГРАМ