Почетна ЕкономијаПад на бројот на работниците во индустријата, најголемо намалување во рударството

Пад на бројот на работниците во индустријата, најголемо намалување во рударството

од nenad
1 минути читај за

Индустрискиот сектор во август годинава забележал намалување на бројот на работниците во однос на истиот период минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците е намален за 3 проценти.

Најизразен пад е регистриран во рударството и вадењето камен, каде што бројот на работниците е намален за 8 проценти.

Негативна промена има и во преработувачката индустрија, со намалување од 2,8 проценти. Од друга страна, секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи раст од 0,7 проценти.

Намалување на бројот на работниците е забележано и кај сите главни индустриски групи.

Најголем пад има кај производството на нетрајни производи за широка потрошувачка, каде што бројот на работниците е намален за 4,4 проценти. Следуваат интермедијарните производи, без енергијата, со пад од 3 проценти.

Кај енергетските и капиталните производи намалувањето изнесува по 2,3 проценти, додека кај трајните производи за широка потрошувачка е регистриран пад од 2,1 процент.

Негативната динамика е присутна и кога се разгледуваат податоците за подолг период. Во првите осум месеци од 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти во споредба со истиот период од 2025 година.