Почетна Убавина и здравјеШто има повеќе калории – донер, хамбургер од „7ца“ или гиро? Андреј од Скопје ја разрешава дилемата!

Што има повеќе калории – донер, хамбургер од „7ца“ или гиро? Андреј од Скопје ја разрешава дилемата!

од nenad
2 минути читај за

Пред да си ја нарачате вашата омилена брза храна, добро е да знаете колку калории содржи

Понекогаш навистина е тешко да ѝ се одолее на брзата храна особено кога ја има на секој чекор и во огромен избор. Хамбургери, донери, пица, гиро… сите овие „грешни“ задоволства се превкусни, но и многу калорични и масни.

Најдобро е да се одбегнуваат целосно, но ако многу ви се јаде нешто нездраво, во ред е и понекогаш да си го дозволите тоа, бидејќи еден хамбургер нема да ве здебели или да ви го качи холестеролот. Проблемот не е во тоа да се почестувате понекогаш доколку поголемиот дел од времето се храните здраво. Проблемот настанува кога брзата храна секојдневно е дел од вашето мени.

Секако, пред да се одлучите да се почестите, добро е да бидете информирани за тоа што внесувате преку вашиот омилен сендвич. Младичот Андреј редовно разбива разни митови поврзани со исхраната и вежбањето на својот инстаграм-профил andrej42km, а сега реши и да ни открие колку калории содржат некои од омилените избори за брза храна во Скопје.

Па време е да дознаете дали треба да гладувате цел ден пред да изедете хамбургер од „7ца“, XXL донер или гиро од 1 кг.

Хамбургер од „7ца“

Нема кој не го пробал! Добра плескавица, еден тон компири и највкусниот домашен мајонез. Дали некогаш сте се обиделе да претпоставите колку калории содржи? 1200? 1600? Андреј реши да даде најблиска проценка.

Откако посебно ги измери помфритот, плескавицата и лепчето и ги собра приближните калории што ги содржи секоја состојка на најпопуларниот сендвич, инфлуенсерот доби бројка што веројатно ќе ве изненади.

XXL донер


Поврзани објави

По вечерните излегувања во раните утрински часови, ова е еден од најпопуларните избори. Во тој момент се чини како логична одлука, но дали би го мислеле истото кога би знаеле колку калории содржи?

Андреј пресмета колку калории има во XXL донер од „Плазет“ и констатира дека излегло повеќе одошто мислел, и тоа без помфрит!

Најголемото гиро во Скопје

За да открие како телото ги третира калориите од процесирани и непроцесирани извори и дали прави разлика во ефектот врз крвниот шеќер, Андреј јадел XXL гиро од „Гиро Хаус“ тешко речиси 1 кг.

Произволно, ова гиро содржи околу 1000 калории, а заклучокот е дека доколку јадете висококалорична храна, подобро е да одберете таква што е помалку процесирана, бидејќи така нема да ви скокне шеќерот во крвта и ќе останете сити подолго време.

Според ова, се чини дека гирото е најздравата брза храна. Што мислите вие? Се согласувате?

ФОТО: ИНСТАГРАМ