Двата дома на романскиот парламент на денешна заедничка собрание ќе одлучуваат за владата предложена од мандатарот Зигфрид Муресан. Гласањето следи по дводневното сослушување во парламентарните комисии на 16-те предложени министри, од кои половина добија негативни оценки.
Собранието е закажано за во 13 часот. За Муресан да ја преземе премиерската функција, потребно е одобрение од 233 пратеници. Претходно, двете најголеми романски политички партии – Социјалдемократската партија и ултрадесничарската Алијанса за обединување на Романците, објавија дека нема да ја поддржат владата на Мурешан.
Европратеникот од Националната либерална партија, Зигфрид Мурешан, беше предложен за премиер од страна на претседателот Никушор Дан на 17 септември. Мурешан предложи владин состав што ќе вклучува министри од трите десно-центрични партии што ја формираа претходната власт – Национална либерална партија, Сојузот за спас на Романија и Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, како и еден независен кандидат предложен за министер за правда.
Мурешан е трет предлог за премиер откако социјалдемократите го напуштија владејачкиот сојуз, а владата предводена од лидерот на Националната либерална партија, Илие Боложан, беше сменета со гласање недоверба на 5 мај.
Претседателот на Романија, на 4 јуни, го номинираше европратеникот Еуген Томац за премиер, но тој го врати мандатот откако не успеа да обезбеди неопходна поддршка. Потоа, Дан го предложи Адриан Вештеа од Националната либерална партија, но неговата влада не беше изгласана во парламентот.
Извор: МИА