Македонскиот пејач Маријан Стојаноски е скршен од болка по ненадејната смрт на неговиот 5-годишен син Петар. Денеска ќе се одржи погребот на малото момче на гробиштата во Крушево – Гумење, каде семејството, роднините и пријателите ќе се простат од него.
Во моментите на најголема болка, Маријан на социјалните мрежи сподели видео со изведба на „Реквием“ од Моцарт, а покрај него напиша кратка, но исклучително емотивна порака: „Ме печи душава од силен оган“.
Поврзани објави
Во коментарите пејачот дополнително ја искажа својата болка, пишувајќи: „Многу ме печи. Луѓе помагајте ми изгоре душата силно. Каков е овој оган? Што ме гори“.
Особено потресува фактот што само два дена пред трагичната вест, неговата сопруга Наташа објавила фотографии со нивните три деца. Маријан и Наташа имаат и две ќеркички, а семејните фотографии денес добиваат особено болен контекст.
Зад семејството останува огромна празнина по загубата на нивното најмало дете, а денешното испраќање на Петар ќе биде еден од најтешките моменти за неговите најблиски.