Почетна Убавина и здравјеСо колегата се пофалија со уловот! Вакви риби можат да фатат само вистински мајстори (ФОТО) – Убавина и здравје

Со колегата се пофалија со уловот! Вакви риби можат да фатат само вистински мајстори (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Познатиот „Министер за естрада“ сподели снимки од риболовот и откри каде најмногу се опушта кога не е на сцената.

Борче Наумовски, на македонската естрада познат и како „Министер за естрада“, покажа дека музиката не е единственото нешто во кое ужива. Фолк-пејачот сподели фотографии и видео од риболов, а главното внимание го привлече големиот улов.

На снимките Борче е во друштво на својот колега, а двајцата очигледно уживаат во денот поминат покрај вода. Пејачот не го криеше задоволството од риболовната авантура и порача дека повторно имал убав ден со „Баличот“.

Риболовот за Наумовски не е случајно хоби. Тој важи за голем љубител на оваа активност, а покрај риболовот ужива и во скијањето. И претходно знаел да сподели фотографии од своите улови, па очигледно ваквите моменти му се вистински одмор од естрадните обврски.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Објавите повторно предизвикаа бројни реакции кај неговите следбеници. Покрај коментарите за уловот, дел од нив го пофалија и за тоа што знае да ужива во различни активности и кога не е под сценските рефлектори.


Поврзани објави

Фејсбук/ Борче Наумовски

А Наумовски зад себе има и период исполнет со музички ангажмани. Во текот на летото го одржа својот јубилеен концерт во Хераклеја, на кој настапија и негови колеги и пријатели од естрадата – Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Миле Кузмановски и Трајче и Кате од „Соната“.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Неколку недели подоцна, на 24 август, Борче настапи и на градскиот плоштад во Куманово, каде ја претстави најновата песна „Битолските чупиња“. За песната самиот ги напишал музиката и текстот, додека аранжманот е на Кирил Стојчевски.

Screenshot youtube