Фото: Васил Стерјовски
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Тирана присуствуваше на приемот организиран по повод именденот на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Јоан.
Стерјовски лично му го честиташе именденот на Архиепископот Јован, упатувајќи му желби за добро здравје, долг живот и успех во неговата духовна служба.
Во рамки на средбата, Стерјовски и Архиепископот Јоан разговараа и за положбата и потребите на македонските православни верници во Албанија, како и за значењето на зачувувањето на нивниот верски и културен идентитет.
Стерјовски на Архиепископот Јоан му ги пренесе и честитките во име на Македонците во Албанија, изразувајќи почит кон неговата улога во животот на православните верници во земјата.
„За многу години, Ваше Блаженство! Нека Бог Ви подари здравје, долг живот и сила во Вашата служба на Црквата и верниците“, порача Стерјовски.
Приемот се одржа во атмосфера на меѓусебно почитување и духовна блискост, со присуство на бројни верници и гости.
Post Views: 172
Извор : vesnik-ilinden.com