По одморот во Грција, водителката отворено проговори за периодот зад неа и откри кој најмногу ѝ помага кога животот ќе ѝ донесе тешки моменти.
Миа Костова повторно сподели искрен дел од својот живот, овојпат осврнувајќи се на летото кое, како што вели, не ѝ донело премногу убави моменти. Иако неодамна уживаше во одморот во Калитеа, таа призна дека периодот го одбележале низа лоши вести од нејзината околина.
Кога животот ќе ѝ стане тежок, Миа открива дека најчесто ѝ се јавува на мајка ѝ. Таа вели дека нејзиниот начин на разговор можеби на почетокот е „страшен“, но токму тие зборови ѝ помагаат повторно да ги согледа работите пореално и да престане да се плаши.
Ова беше едно лето без многу идеја. Ова беше едно лето со лоши вести, и знаеш што? Животот не е мирно море. И животот не е фер, ама изгледа си има таму некој тефтер ко мојот во кој запишувам кога треба да постирам видео. Ама овој е некој со подебели корици. Некој поозбиљен тефтер. Лето 2026. Фала ти“, порача таа.
Во меѓувреме, Миа се потсети и на безгрижните школски денови во „Песталоци“, споделувајќи фотографија со Кети и Марија. Таа се присети на дружењето, препирките и караниците од детството, но нагласи дека од тој период не носи лоши спомени. Со пораката да се создава свет без омраза и детства исполнети со искрено другарство, таа ги повика следбениците да споделат свои фотографии од школските денови.
Screenshot Instagram