Музичарите искористија уште еден слободен момент за романтично патување, а од фотографиите се гледа дека и овојпат се целосно усогласени.
Анета Љумаковска и нејзиниот сопруг Рубин Размоски продолжуваат да уживаат во заедничките патувања. Крајот на летото го искористија за кратко бегство во Бугарија, каде престојуваат во Royal Spa Valentina Castle, спа-комплекс во Огњаново, во близина на Петрич.
Двајцата споделија фотографии од престојот, а покрај хотелскиот комплекс, го посетија и споменикот на Гоце Делчев во Петрич, како и црквата „Св. Илија“.
Анета и Рубин и овојпат привлекоа внимание со усогласените комбинации. На една фотографија се во тегет, додека на друга носат тексас јакни, па изгледаат како вистински модно усогласен пар.
За потсетување, Анета и Рубин летово направија граѓанска венчавка, а најавија дека наскоро ќе организираат и свадбена веселба. Дотогаш, слободното време очигледно го користат за патувања и моменти само за нив двајца.
printskrin youtube