Снимката од нивната „борба“ за најдоброто место на мачешката гребалка стана хит на „ТикТок“, а коментарите се урнебесни.
Снимка од две мачки кои се борат за најдоброто место на мачешката гребалка стана вирална на „ТикТок“. Нивната сопственичка го снимила необичниот „судир“ во кој двете упорно се обидуваат да стигнат до самиот врв.
На видеото се гледа како едната мачка веќе го има освоено врвот, па со шепата ја спречува другата да се искачи. Но, „ривалката“ не се откажува, па набрзо започнува вистинско туркање и надмудрување.
Тепачка, зошто? Се борат за врвот на гребалката“, напишала сопственичката.
Ситуацијата станала уште посмешна кога мачката од долниот дел речиси успеала да ја собори својата соперничка. Сепак, победата не траела долго, бидејќи борбата продолжила со ново туркање и обиди за освојување на посакуваното место.
Поврзани објави
@cooking.with.amandaa Cat fight, why? They are fighting for top of the cat tree. #catfight #catsoftiktok #tortiesoftiktok #siamese ♬ The Final Countdown – Europe
Видеото предизвикало низа духовити реакции. „Мачките се толку драматични“, напишал еден корисник, додека друг се пошегувал дека ситуацијата го потсетува на него и брат му кога се караат за предното седиште во автомобилот. „И да имате две гребалки, пак ќе се караат за истото“, заклучил друг корисник.
Screenshot Tik-tok