Фотографијата по повод нејзиниот роденден откри една посебна семејна приказна, а токму мајка му имала големо влијание врз неговите први музички чекори.
Владимир Василевски-Четкар не е меѓу оние јавни личности кои често го отвораат семејниот албум пред јавноста. Токму затоа неговата последна објава привлече внимание – музичарот сподели фотографија од својата мајка по повод нејзиниот роденден и ѝ посвети емотивна порака.
На фотографијата таа е насмеана, со голем букет цвеќе во рацете, а Четкар ѝ посака уште многу години исполнети со здравје.
Среќен роденден мамо, да си ни здрава и жива уште многу години! Те обожаваме!!!“, напиша тој.
Но, зад оваа објава стои и приказна поврзана со неговата музичка кариера. Неговата мајка своевремено учела во музичкото училиште „Методи Патчев“ во Охрид и токму таа го убедила Владимир да се запише таму. Како дете тој започнал со виолина, а подоцна музиката станала неговата професија и животен пат.
Поврзани објави
Четкар во едно неодамнешно интервју зборуваше и за воспитувањето што го добил од своите родители, нагласувајќи дека тие го научиле да биде борбен и целосно посветен на она што го работи.
Денес, охриѓанецот има меѓународна кариера како гитарист, вокалист, композитор и аранжер. Во 1996 година заминал на „Беркли“, каде што во 2001 година дипломирал модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Сепак, и покрај годините поминати во САД, тој како свои најсилни врски со Македонија ги издвојува домот, семејството и Охрид.
printskrin youtube