Фото: Македонски весник “Илинден”
Резолуцијата бара Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да се преземат ефективни мерки за заштита на македонскиот идентитет од негирање и асимилација, Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата административно-територијална реформа и Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа.
Историски ден за Македонците во Република Албанија: Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена едногласно од Федералната унија на европските националности.
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) едногласно ја усвои резолуцијата поднесена од Македонското друштво “Илинден“-Тирана – пишува на својот Фејсбук профил Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Фото: Македонски весник “Илинден”
Резолуцијата бара Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да се преземат ефективни мерки за заштита на македонскиот идентитет од негирање и асимилација, Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата административно-територијална реформа и Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа.
Фото: Македонски весник “Илинден”
Резолуцијата, како што пишува Ѓурѓај, ќе биде доставена до албанските и меѓународните институции.
– Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и права на Македонците во Република Албанија, пишува Никола Ѓурѓај.
Post Views: 131
- ФОТО НА ДЕНОТ: БАЈДЕН ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВОЈНИЦИ ВО НОРМАНДИЈА
- Сиљановска Давкова-Де Кро: Белгија со силна поддршка за македонските евроинтеграции
- Промоција на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”
- Советникот за одбрана Василевски положи цвеќе во чест на загинатите бранители кај Карпалак