Почетна ЕкономијаМакедонска берза од утре до среда ќе ја одржи јубилејната 25. годишна конференција

Македонска берза од утре до среда ќе ја одржи јубилејната 25. годишна конференција

од nenad
1 минути читај за

Македонска берза од утре до 23 септември во Охрид ќе ја одржи јЈубилејната 25. годишна конференција.

Годишната конференција е најавена како еден од најзначајните финансиски настани во земјава и претставува платформа за поврзување, размена на знаења и искуства, како и дискусии за актуелните случувања на пазарот на капитал во Македонија и во регионот.

Развој на пазарите на капитал, финансирање на растот и развојот на компаниите, алтернативни извори на финансирање, анализа на меѓународните искуства и најдобрите практики, банкарство, инвестирање и финансиски институции, дигитална трансформација, вештачка интелигенција и нови финансиски технологии, се само некои од темите што се во фокус на конференцијата.

Како што наведува Македонска берза, на минатогодишната конференција учествуваа околу 30 говорници и панелисти, а присуствуваа повеќе од 240 учесници. мч/сст/

фото: Македонска берза