Почетна ЕкономијаЕдукативна трибина во Драчево посветена на раното откривање на ракот

Едукативна трибина во Драчево посветена на раното откривање на ракот

од nenad
1 минути читај за

Во „Паркот на бранители“ во Драчево ќе се одржи едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, во организација на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“.

Целта на трибината е подигнување на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на малигните заболувања, како и информирање на граѓаните за редовните здравствени прегледи и можностите за рана дијагноза.

На настанот ќе се разговара за важноста на превентивните прегледи, препознавањето на раните симптоми и навременото реагирање, со порака дека раното откривање може да биде од клучно значење во лекувањето.

Трибината е дел од активностите насочени кон поголема информираност и поддршка на граѓаните во борбата против малигните заболувања.