Table of Contents
Ако сакате сочни и ароматични колачи, оваа едноставна торта со портокал е одличен избор. Мекиот бисквит се прелива со сируп од свежо цеден портокал, па станува исклучително сочен и полн со цитрусен вкус.
Состојки
- јајца
- шеќер
- ванилин шеќер
- масло
- портокали
- брашно
- прашок за печиво
- прстофат сол
- шеќер во прав
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени, а округол калап од 24 сантиметри обложете го со хартија за печење.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата да стане светла и пенеста. Додајте масло, 120 мл свежо цеден сок од портокал и рендана кора, па кратко измешајте.
Во друг сад соединете ги брашното, прашокот за печиво и солта. Постепено додавајте ги сувите состојки во течната смеса и мешајте само колку да добиете изедначена смеса.
Истурете ја во калапот и печете околу 35-40 минути. Дали е готова проверете со чепкалка – треба да излезе речиси сува.
Поврзани објави
Тајната за неверојатно сочниот бисквит
Додека се пече тортата, подгответе го сирупот. Во мало тенџере ставете 200 мл свежо цеден сок од портокал, шеќер и рендана кора. Загревајте на тивко додека шеќерот целосно да се растопи, а потоа оставете го сирупот малку да се излади.
Испечениот бисквит оставете го во калапот и избодете го на повеќе места со чепкалка или дрвено стапче. Постепено прелевајте го со сирупот за рамномерно да го впие.
Оставете го најмалку 30 минути во калапот, а потоа целосно изладете го.
Последниот детаљ
Кога тортата ќе се излади, извадете ја од калапот и украсете ја со тенки парчиња свеж портокал. По желба, одозгора посипете малку шеќер во прав.
За уште подобар вкус, оставете ја неколку часа во фрижидер. Пред послужување извадете ја околу 15 минути порано.
pexels – torta – kolac – portokali – blago