Пејачката со децата ненадејно им се појавила на Брана и Тијана во Сивири, а нивната реакција ги насмеа сите.
Тамара Тодевска по промоцијата на новиот албум и најавата за концертот замина на семеен одмор во Сивири, Грција. Но, наместо само да ужива на плажа, таа со Хана и Дарен им подготви мало изненадување на мајка ѝ Брана и сестра ѝ Тијана.
Тамара ги снимила моментите кога со децата им се приближуваат на плажата и ги бараат двете. Кога Тијана ја здогледала сестра ѝ, збунето рекла дека веќе ѝ кажале оти Тамара е таму, но не верувала додека не ја препознала по тетоважата.
По смеата следувала прегратка, а Тамара ѝ се придружила и на мајка ѝ. Така, целото семејство го продолжило одморот заедно, уживајќи во последните летни денови покрај морето.
Screenshot Instagram