Table of Contents
Ви се јаде пица, но немате време за месење тесто, чекање да нарасне и долго печење? Овој едноставен трик е спас за сите љубители на пицата!
Наместо класично тесто, потребна ви е тортиља, а резултатот е неверојатно крцкавата, сиреста и вкусна пица која се подготвува за само неколку минути. Основната верзија бара само три главни состојки – тортиља, сос од домати и сирење – а потоа можете да додадете што имате во фрижидерот.
Состојки
- 1 голема пченична тортиља
- 2 лажици доматен сос или сос за пица
- 70–100 г рендана моцарела
- 5–6 парчиња кулен или шунка
- малку оригано
- неколку маслинки или парчиња пиперка, по желба
Приготвување
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Ставете ја тортиљата врз хартија за печење и премачкајте ја со доматниот сос, оставајќи малку простор околу рабовите.
Одозгора распоредете ја моцарелата, па додајте кулен, шунка, маслинки, пиперка или други додатоци по желба.
Посипете со оригано и ставете ја во загреана рерна.
Поврзани објави
Печете 5–8 минути, односно додека сирењето не се растопи и рабовите на тортиљата не станат златни и крцкави.
Извадете ја, оставете ја една минута да се излади и исечете ја на парчиња.
И тоа е сè! Без месење, без чекање тестото да нарасне и без куп валкани садови.
Малиот трик за екстра крцкава пица
За уште покрцкав резултат, тортиљата можете да ја премачкате со сосот и да ја ставите во рерна 1–2 минути пред да ги додадете сирењето и останатите состојки. Потоа додајте го филот и допечете ја до златна боја.
Ако имате фритеза на топол воздух, оваа пица е уште побрза – основната верзија може да биде готова за околу 5 минути.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Unsplash/Deeliver