22
септември 13, 2026
Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 11 пожари, од кои три сè уште се активни. Активните пожари се регистрирани во Галата во областа Курбин, каде огнот зафатил грмушки и борови, како и во Либражд Катунд и Булaрат во Дропул.
Два пожари се ставени под надзор, додека шест се целосно изгаснати.
Во операциите за гаснење на пожарите ангажирани се 119 припадници на локалните и оперативните служби, 12 противпожарни возила и 25 припадници на вооружените сили.
Post Views: 76