Почетна Убавина и здравјеДрагана Мирковиќ откри каде исчезнале сите нејзини пари – Убавина и здравје

Драгана Мирковиќ откри каде исчезнале сите нејзини пари – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ отворено проговори за периодот во кој имала несогласувања со поранешниот сопруг Тони Бијелиќ, откривајќи досега непознати детали за времето кога ја организирала својата голема хуманитарна турнеја.

Познатата пејачка раскажа дека во тој период сите расположливи средства ги вложувала во хуманитарни концерти и донации за детски домови низ регионот. Како што вели таа, за својата одлука имала целосна одговорност, но од Тони не добила финансиска поддршка.


Поврзани објави

„Моментално немам пари, сè отиде за хуманитарните концерти и тоа лесно се докажува. Кешот во тој период ми беше мисловна именка. Никој не ми помагаше, ниту Тони. Тој сметаше дека тоа е моја лична одлука да пеам хуманитарно. Мажите тука се малку поладни. Сепак, тоа ништо не промени — јас кажав дека така ќе биде и така беше“, открила Мирковиќ.

Нејзината изјава повторно ја отвори темата за односот со Тони Бијелиќ и различните ставови што ги имале во периодот додека биле во брак. Драгана никогаш не криела дека хуманитарната работа за неа има посебно значење, а овојпат открила и колку лично ја чинела нејзината одлука да им помогне на оние на кои им е најпотребно.

По 24 години брак, разводот со бизнисменот донесе големи промени во нејзиниот живот. Денес, најголема поддршка ѝ се нејзините деца, синот Марко и ќерката Мануела, кои решиле да останат покрај својата мајка и заедно со неа да живеат во велелепниот дворец.