Поранешниот директор на „Танец“ и познат музичар ретко објавува нешто лично, па неговата нова фотографија веднаш привлече внимание.
Мартин Вучиќ одамна не е меѓу оние познати личности кои секојдневно споделуваат детали од својот живот. Токму затоа, неговата најнова објава на Инстаграм привлече внимание. Музичарот сподели фотографија од одмор покрај море, а со кратката порака „Vitamin SEA“ покажа дека моментално ужива во малку одмор и поинаква атмосфера.
Иако публиката го памети како дел од македонската музичка сцена, Мартин во последните години значително се повлече од јавниот живот. Тој потекнува од семејство во кое музиката има посебно место. Неговиот татко беше познатиот музичар и телевизиски автор Драган Вучиќ, а мајка му Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасовски. И дедо му од таткова страна, Милорад Вучиќ, бил познат хармоникаш и еден од првите инструменталисти на „Танец“.
Поврзани објави
Музиката за Мартин не била само професија, туку дел од неговото растење. Уште од најрана возраст бил опкружен со народната музика, а неговата мајка своевремено раскажувала дека дедо му Пеце му го направил и првото тапанче. Како дете настапувал со него на Фестивалот на народни инструменти и песни во Долнени. Подоцна се профилирал како академски музичар и перкусионист, а денес е дел од оркестарот на Македонската филхармонија.
Јавноста добро го запозна и преку неговата работа во Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. На директорската функција беше назначен во 2018 година и ја извршуваше шест години, период во кој ансамблот го одбележа 70-годишниот јубилеј и реализираше бројни настапи и проекти. Во јули 2024 година, по сопствено барање, беше разрешен од функцијата и се врати на своето работно место во Филхармонијата. Денес, наместо чести јавни настапи и интервјуа, Мартин очигледно избира помирен живот, па секоја негова ретка приватна објава станува мал прозорец во неговото секојдневие.
Screenshot youtube