Ова е најлошата храна за целиот организам, а речиси сите ја јадеме во големи количини
Докторите се согласуваат дека појадокот има клучна улога за енергијата, расположението и работата на метаболизмот во текот на денот. Ако го прескокнуваме или одбираме погрешна храна, тоа може да доведе до замор, пад на концентрацијата и прејадување подоцна.
Експертите истакнуваат дека особено е важно тоа со коешто го започнуваме денот. Првата храна што ја внесуваме во организмот значајно влијае врз здравјето и дигестијата, а како најштетниот избор се издвојува шеќерот, кој никако не би требало да се најде на менито за појадок.
Многу е важно наутро кога ќе станеме да испиеме чаша обична вода, без никакви додатоци.
Поврзани објави
„Појадокот треба да биде најважниот оброк. Наутро кога ќе станеме, нашиот желудник би требало да биде празен. Прво треба да испиеме чиста вода, без лимони и додатоци – бидејќи кога ќе се испие со лимон, започнува варењето, а ако се испие чиста вода, нема да започне варењето – во тоа е клучот“, објаснуваат докторите и посочуваат:
„Ако прво земеме кафе или алкохол, кофеинот ќе исфрли повеќе вода од телото одошто сме внеле преку кафето. Прво вода, па чај, па овошје – 3-4 видови овошје е сосема доволно, без овес и слични глупости. Кога ќе изедеме овошје на празен желудник, по вода и некој чај, нашите клетки ќе добијат доволно нутриенти, минерали, витамини и оксидирана вода и тоа е тоа. Не ни требаат 5 оброка.“
Експертите се едногласни дека рафинираните шеќери се најлошиот избор во секој случај, особено ако со нив го започнувате денот.
„Рафинираниот шеќер е најштетната храна во историјата на човечката цивилизација. Тој ни ги краде минералите од телото, односно ја намалува апсорпцијата на минерали во организмот“, предупредуваат докторите.