Дарко Панчев го одбележа својот 61. роденден, а покрај честитките кои пристигнаа од бројни пријатели, навивачи и фудбалски средини, најпосебните пораки стигнаа од неговото семејство.
Ќерките Надица и Марија на социјалните мрежи му посветија емотивни објави на својот татко. Надица објави фотографија на која семејството Панчеви е заедно, дотерано и расположено, придружена со порака полна со благодарност и љубов.
Марија, пак, избра да сподели спомен од многу поодамна. На старата фотографија, Панчев е значително помлад и ја држи својата ќерка додека таа сè уште е бебе. Едноставната порака „Те сакам“ ја направи објавата уште посилна.
Фотографијата потсетува на периодот кога голгетерот, познат по своите историски фудбалски моменти, во приватниот живот имал една сосема поинаква улога – улогата на татко.
Поврзани објави
По завршувањето на богатата фудбалска кариера, во која носеше дресови на Вардар, Црвена ѕвезда, Интер и други клубови, Панчев семејниот живот го продолжи во Скопје.
Заедно со сопругата Маја Гроздановска-Панчев, со која има две ќерки, низ годините го градеа семејниот живот далеку од најголемиот дел од спортскиот терен и рефлекторите.
Иако Панчев во јавноста знаел да се пошегува на сметка на животот со три жени под ист покрив, неговото семејство низ годините остана неговото најголемо богатство.
Токму роденденските честитки од Надица и Марија уште еднаш покажаа дека зад фудбалската легенда стои и семеен човек на кого најмногу му значи љубовта од најблиските.
Screenshot youtube