Почетна ЕкономијаХотели Метропол Охрид откупи 305 сопствени акции

Хотели Метропол Охрид откупи 305 сопствени акции

од nenad
1 минути читај за

„Хотели Метропол“ АД Охрид изврши откуп на сопствени акции преку Македонската берза, согласно одлуката донесена од акционерите на друштвото.

Од компанијата информираат дека на 31 август 2026 година, преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје, биле откупени вкупно 305 сопствени акции.

Откупот е реализиран врз основа на Одлуката бр. 02-167/10 за стекнување сопствени акции со откуп, усвоена на Собранието на акционери одржано на 19 мај 2026 година.

По реализацијата на трансакцијата, „Хотели Метропол“ АД Охрид поседува вкупно 15.939 сопствени акции. Тие претставуваат 1,54 отсто од основната главнина на друштвото.

Од компанијата посочуваат дека известувањето е објавено согласно обврските за транспарентност и информирање на акционерите и јавноста.