Гинеколог открива бизарни и крајно несоодветни коментари што ги слуша од партнери додека жените се соочуваат со болки, исцрпеност и породување.
Породувањето е еден од најинтензивните моменти во животот на една жена, а во тие часови поддршката од партнерот може да значи многу. Но, гинекологот Гита Табаси од Лас Вегас открива дека во породилната сала понекогаш слуша коментари кои, како што вели, се целосно несоодветни.
Особено ја шокирало барањето на некои мажи за таканаречен „сопружнички шев“ – дополнителен шев по породувањето со кој наводно би се намалил вагиналниот отвор. Табаси раскажала дека дури слушала мажи да бараат „уште еден шев“, што таа го опишува како крајно незрело однесување.
Поврзани објави
Но, според неа, ваквите ситуации не се единствени. Некои партнери за време на контракциите прашуваат каде е кантината, други успеваат да заспијат додека жената се породува, а има и такви кои ја потценуваат нејзината болка или сметаат дека не ѝ е потребна епидурална анестезија.
Нејзиното видео предизвикало лавина реакции, а голем број жени споделиле сопствени искуства од породилиштата. Пораките отворија важна тема – во момент кога жената поминува низ огромен физички напор, партнерот треба да биде нејзина поддршка и сигурност, а не дополнителен притисок.
Pexels – bebe – poroduvanje – novorodence